Трајко Велјановски немал техничка можност да го исклучи микрофонот на пратеникот кој ја интонираше албанската химна од говорницата на 27ми април – кажа претседателот на Собранието Талат Џафери во сведочењето на рочиштето за обвинетите за организатори на собраниските настани.



„Немаше можност ни на 27ми, ни по 27ми да се исклучи пратеник од говорница. Мораше да се направи преку режија по барање на претседателот на Собранието“, речеТалат Џафери, актуелен претседател на Собранието.

Џафери за сведок е повикан од поранешниот собраниски спикер Трајко Вељаноски. Неговите одговори беа во насока да се докаже на судот дека Вељаноски постапувал според Деловникот во Собранието, иако сега е обвинет како дел од организаторите за насилствата.