Познати се сведоците на обвинителството за случајот во кој се гони Антонио Милошоски.
Неофицијално против Милошоски на суд ќе сведочат негови политички противници што целиот случај го прави крајно сомнителен.
Меѓу сведоците има двајца градоначалници од партии кои сега се противници на матичната партија на Милошоски и една екс пратеничка на една од тие партии партија.
Речиси неверојатно е дека сведоците кои се жестоки политички противници на Милошоски би гласале за негово ослободување од вина.
Денеска советот за оценка на обвинителениот акт поднесен од ОЈО познат како „Моќник“ донесол решение со кое приговорите на обвинетите се одбиваат како неосновани, а обвинителниот акт се одобрува во целост.
Како што пренесуваат повеќе медиуми предметот во кој се гони и пратеникот Антонио Милошоски согласно АКМИС – системот ќе биде распределен кај судија за понатамошно судење, соопшти Основниот кривичен суд-Скопје.
Според обвинението, Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, неговиот татко и поранешниот претседател на Комисијата за лустрација, Томе Аџиев, се осомничени дека заеднички издејствувале да се купи за 100 денари од квадратен метар објектот во кој биле сместени администрацијата и градоначалникот на општина Пласница.
Во случајот се инволвирани уште 10 лица што биле вклучени во продажбата на објект во с. Ижишта – општина Македонски Брод, кој го користела општина Пласница.
За „Моќник“, пред неговото преземање од Основното јавно обвинителство Скопје постапуваше СЈО.
Антонијо Милошоски е еден од најактивните пратеници во актуелниот состав на Собранието а пред изборите објави аудио бомби кои укажуваа на корупција и криминал на владини актери.






