Бројките на заразени со ковид-19 ќе растат вртоглаво па можно е тие да достигнат и по 1.000 заразени дневно., предвидува Д-р Никола Пановски кој апелира да се ангажираат и власта и опозицијата и докторите да ги убедат граѓаните да ги почитуваат мерките.



„Рекордот ќе трае кратко, ќе биде многу брзо соборен. Ова се бројки од петок сабота. По нив ќе дојдат нови од сабота, недела, па потоа нови случаи и тоа ќе се шири.

Но ова е сериозен проблем. Ако продолжи вака не очекува полошо понатаму. Ќе колабираме здравствено и економски.

Треба да се ангажираат и власта и опозицијата и докторите и светските лидери да ги вразумат граѓаноите да ги почитуваат мерките. Ова ако продолжи натаму ќе биде смешна бројка“, изјави Пановски за Канал 5.