Светска Банка: Владата да внимава со новите задолжувања

Светска банка предупредува Владата да внимава во однос на новите задолжувања бидејќи фискалниот простор се стесни откако нивото на долгот на државата надмина 60 проценти од БДП.



Првиот човек на Светска банка, Дејвид Малпас веќе испрати предупредување до Македонија за можна појава на должничка криза.

Тој смета дека може да се случи земјава да има сериозни проблеми во исплаќањето на долговите кои се подигнати за справување со ковид–кризата. (Алсат)