Снимен напад врз полицаец во центарот на Скопје (ВИДЕО)

На видео снимката која се прошири на социјалните мрежи може да се види како неколку полицајци додека апселе млади луѓе пред пекарата „Силбо“ на булевар „Партизански одреди“ прво се вербално, па физички нападнати.



Пред настанот да се претвори во физичка пресметка, може да се слушне како едно од момчињата вели:

„Ајде бе удри ме, ајде“,

а лицето кое снима дофрла:

„Остај нека те удри. Ако бе, ќе оди во дисциплинска“.

Потоа лицето го фаќа полицаецот за врат, при што се вклучуваат и останатите присутни. Лицата на крајот се уапсени, но продолжуваат да даваат отпор и да упатуваат навреди кон полицајците.