Пандемијата на коронавирус предизвика големи промени на светската ранг-листа на пасоши, па патната исправа на Македонија стана помоќна од таа на САД!
Македонскиот пасош се најде на 16. место благодарејќи на можноста со него без виза да се влезе во 62 земји, во 37 таа се добива на граница, а виза е потребна за 99 држави во светот.
За споредба, пасошот на САД е на 21. место. Со него без виза може да се патува во 52 земји, таа се добива веднаш по пристигнувањето во 40 држави, а за 106 на американските државјани им треба виза.
Од земјите во регионот повреден пасош од македонскиот имаат Словенија на делба на петтото место, Хрватска на осмото, Бугарија на деветтото и Србија на 14. Зад Македонија се Албанија на 17. место, Црна Гора е 18., а Босна и Херцеговина 19.
Нов Зеланд е сам на врвот, а второто место го делат Германија, Австрија, Луксембург, Швајцарија, Ирска, Јапонија, Јужна Кореја и Австралија.





