Македонија е на дното во споредено со Србија, Албанија и Бугарија според количина на инвестиции од странство за периодот јануари 2019 – јуни 2020, открива независниот економски истражувач и аналитичар Гоце Димовски.
Според листите пред Макеоднија има дури 3,5 пати помалку инвестиции од Албанија во апсолутни износи и најмалку двојно помалку ако се смета по глава на жител.
“Прилив на Странски Директни Инвестиции (СДИ) за 2019 и прва половина од 2020 година, споредено со соседните земји во регионот.
⬇️ Во двете години Македонија е на дното споредено со другите соседни земји во регионот”, открива Димовски чии резултати се спротивставени на изјавите на власта според која што Македонија добро се држи на ова поле.
Прилив на Странски Директни Инвестиции (СДИ) за 2019 и прва половина од 2020 година, споредено со соседните земји во регионот.
⬇️ Во двете години Македонија е на дното споредено со другите соседни земји во регионот. pic.twitter.com/TZVASFYdCN— Goce Dimovski (@dimovskigoce) October 6, 2020






