Жена меѓу добитниците на годинашнава Нобелова за физика

Американската Андреа Гез e една од тројцата добитници на годинашнава Нобелова награда за физика.



Таа е четврта жена која добива Нобелова награда за физика, по Марија Кири во 1903, Марија Геперт-Маер во 1963 и Дона Стрикленд во 2018 година.
Инаку, 17 жени имаат добиено Нобелова награда за мир, 15 се добитнички за Нобелова за литература, 12 ја добиле најпрестижната награда за физиологија или медицина, пшет се добитнички на Нобел за хемија и само две, Елинор Остром и Естер Дуфло, ја имаат добиено Нобеловата меморијална награда за економски науки .

Што се однесува до годинашната Нобелова за физика, Англичанецот Роџер Пенроуз (89), Германецот Рајнхард Генцел и Андреа Гез ќе ја поделат наградата вредна 1,1 милион долари.

Пенроуз демонстрирал дека црните дупки се неизбежна последица на Ајнштајновата општа теорија за релативноста, додека Генцел и Гез го обезбедија досега најубедливиот доказ за постоењето на супермасивна црна дупка во центарот на Млечниот Пат.