Според советник на премиерот, Радев, Борисов и Каракачанов имаат ненормални сфаќања

Советникот на премиерот Заев за бранителите екс генералот Стојанче Ангелов со својата последна јавна изјава предизвика тивки тензии на релации влада во Скопје – државен врв во Софија.



На својот Твитер профил Ангелов во врска со групата научници во Софија кои се противат на Меморандумот против Македонија напиша дека и во Бугарија има луѓе со нормални сфаќања.

Со тоа Ангелов за луѓе со ненормални сфаќања ги прогласи претседателот Радев, премиерот Борисов и вицепремиерот Каракачанов кои го подготвија и го промовираат меморандумот во ЕУ со кој од Македонците се бара да се откажат од својот идентитет, историја и јазик и да признаат дека се преобратени Бугари.