Герила во Битола и Скопје: Како се чкртале “хеленските” споменици (ВИДЕО)

На социјалните мрежи денеска осамна видео снимка од боењето на ознаките на спомениците на кои владата предходно стави ознаки дека припаѓаат на грчкото културно наследство односно хеленската култура.



Засега непознати активисти во Скопје и Битола со спреј ги чкртале ознаките и притоа на една локација направиле и видео.

Герила акцијата се случи само еден ден откако јавноста дозна дека се поставени “хеленските” ознаки.

Со договорот од Преспа владата на Заев се согласи како хеленско наследство да ги означи сите нови споменици за кои Грција тврди дека се дел од грчката историја и култура.