Алсат дознава дека друга медицинска сестра решила да ја напушти Клиниката за инфективни болести во Скопје.



Медицинската сестра не сакала да ја коментира нејзината одлука по телефон, но, како дознава Алсат М, и некои нејзини колеги на одделот за пациенти со Ковид-19 од Клиниката „се на работ на предавање“.

Сестрата се пожалила дека „имајќи предвид дека не го искористивме годишниот одмор, ситуацијата стана неподнослива и меѓу колегите и во однос на лекарите. Да бидат работите уште полоши, секој пат кога одев на работа бев под стрес, со мобинг, навреди, лошо однесување дури и од некои пациенти“, изјавила медицинската сестра од Клиниката за инфективни болести за Алсат М.