Американскиот претседател Доналд Трамп направи театрално враќање во Белата куќа по тридневниот престој во болница откако беше тестиран позитивен на коронавирус.
Трамп, кој сè уште е заразен, ја отстрани маската на балконот на Белата куќа, додека се сликаше.
Пред заминување од болница синоќа, претседателот им порача на Американците преку твит да не се плашат од болеста:
“Не плашете се од Ковид. Не дозволувајте тоа да доминира во вашиот живот”.
За неговата состојва Трамп рече: “Се чувствувам подобро отколку пред 20 години !!”
Тој исто така објави на Твитер: „Наскоро ќе се вратиме на кампањата !!!“
За помалку од еден месец, на 3-ти ноември Трамп ќе се соочи со демократскиот предизвикувач Џо Бајден на претседателските избори.






