Првиот академски час на Државниот универзитет во Тетово само на албански

Иако на него студираат и многу Македонци и студенти од други националности, а се финансира од државниот буџет, првиот академски час на Државниот универзитет во Тетово се одржа само на албански јазик.



На насобраните студенти на платото пред влезот им се обрати само на албански ректорот Вулнет Амети, а само на албански беа повикувани и да си ги земат индексите.

Превод на македонски и овој пат немаше, како и во многу слични пригоди досега на ДУТ, а на известувачите од медиумите на македонски им беше порачано „да се снајдат од колегите“.