Оптимистичко сценарио – 1 милијарда долари – Дали песимистичкото е “Бог да чува “?

Економски пад од 4,4%, дефицит од 8.4% од БДП – ова е владината проекција за државната каса за 2020 година, која во услови на криза предизвикана од пандемија се прекројува по вторпат, пишува во анализата на сервисот на македонски јазик на германскиот државен медиум Дојче Веле според кој Дефицитот е рекорден и ќе изнесува околу 920 милиони евра.



Анализата вели дека финансирањето ќе биде преку задолжување дома, но и користење на депозитите на државата и ќе чини дополнителни 170 милиони евра.

“Она што е значајно е што капиталните расходи се кратат минимално, или само околу 18 милиони евра. Сега тие се позиционирани на 300 милиони евра. Долгоочекуваниот ребаланс на буџетот ќе ги обезбеди потребните пари за финансирање на мерките од четвртиот антикризен пакет” се вели во текстот на Дојче Веле.

Целата анализа на Дојче Веле во која не се открива кое е песимистичкото сценарио на овој линк.

Доколку трендовите во економијата продолжат или се влошат идната година Македонија според дел од аналитичарите може да се соочи со економски колапс.