Германскиот возач од тимот на Ферари е победник на трката за Големата награда на Унгарија возена во неделата на патеката Хунгароринг. Тоа беше 11. трка во сезоната со што Фетел го зголеми своето водство во генералниот пласман за возачи.
Фетел до својата втора победа на Хунгароринг, инаку 46. во кариерата и четврта оваа сезона, дојде пред двајцата Финци, неговиот клупски колега од Ферари, Кими Раиконен кој беше втор, и третиот Валтери Ботас од тимот на Мерцедес. Лиус Хамилтон, исто така, од Мерцедес, мораше да се задоволи со четвртото место откако во двата последни свиока на патеката беше минат од Ботас.
Во Светското првенство има мала пауза во која Фетел сега има 14 бодови предност пред Хамилтон. Следната трка ќе се вози на 29. август за Големата награда на Белгија.




