Независната угостителска комора реагира на најновите анти-ковид мерки што ги предложи Комисијата за заразни болести, а беа прифатени од Владата.
„ И повторно без никаква дебата или консултација со угостителите, естрадните уметници или коморите и здруженијата, Д-р Караџовски злоупотребувајќи ја Комисијата за заразни болести САМОВОЛНО поради само десетина неодговорни угостители и угостителски објекти одлучи да казни 6.500 угостители со 35.000 вработени.
Наместо да изработат и предложат или ги прифатат нашите предлози за унифицирани препораки на целокупната угостителска индустрија, КЗБ со нови парцијални промени на протоколи за работа само ќе го докомплицира работењето на угостителите и естрадните уметници и ќе предизвика појава на непотребни протести и угостителска криза со Владата на РСМ- велат во соопштение од комората.
Според нив, многу побезболно, подобро и поквалитетно решение ќе беше Владата наместо да удоволи на Комисијата за заразни болести да излезе во пресрет на барањата на Директорот Стојко Пауновски да се зголемат ингеренциите, да даде поголеми надлежности и пренесе нови овластувања на Државниот пазарен инспекторат.
„Таквото решение и нова ригорозна казнена политика за непочитување на протоколите ќе овозможи инспекторите од ДПИ веднаш да ги казнат, затворат и пломбираат угостителите кои не ги почитуваат важечките законски прописи, уредби и протоколи за работа со што ќе се овозможи на сите останати угостители кои максимално се залагаат во почитување на истите да работат со цел да опстанат“, велат од Комората.





