Европскиот парламент на денешната седница дискутира за владеењето на правото во Бугарија.
Во исто време, пред главниот влез на ЕП во Брисел, група Бугари, меѓу кои проф. Велислав Минеков од таканареченото „Отровно трио“ ќе даде детали за владеењето на правото и корупцијата во Бугарија, за газењето на демократијата, владеењето на правото и слободата на медиумите, како и за злоупотребата на европските фондови.



„Имам намера да направам предавство, не кон татковината, туку кон мафијата што владее. Сега ќе видите за што сум способен “, подвлече проф. Минеков пред да замине за Брисел.

На 30 септември, Европската комисија им претстави извештај на европратениците за состојбата на владеењето на правото во земјите-членки на ЕУ.

Бугарија беше спомената на неколку места во извештајот, наведувајќи дека таму има проблеми – во однос на правосудниот систем, борбата против корупцијата и слободата на медиумите. БГНЕС