Шефицата на Европската комисија во самоизолација

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајан, објави дека е во самоизолација затоа што била во контакт со лице заразено со коронавирус.
Во порака објавена на Твитер, Вон дер Лајен изјави дека била известена дека на состанокот на кој присуствувала било и лице за кое било потврдено дека има коронавирус.



„Во согласност со правилата и прописите, јас сум во самоизолација“, најави таа.
Вон дер Лајен денес треба да помине уште еден тест.