Во вестите на ТВ21 вечерва мибистерот за здравство, Венко Филипче, соопшти дека Владата ги прифатила предложените мерки од Комисијата за заразни болести.
„ Прво, да се забрани гостување на пејачи и диџеи во сите угостителски објекти. Дискотеките и ноќните клубови не добија дозвола за работа, инсистираме да се почитува работното време во угостителските објекти до 12 во работни денови, и 1 часот после полноќ за викенд“ објасни Филипче.
Иасто така, како што рече, дозволената гласност на музиката се ограничува до 55 децибели со цел да се намали поголемата концентрација на луѓе на едно место.
„Препорачуваме и да се намали бројот на луѓе коишто може да седат на една маса во угостителските објект од сега дозволените 12 на 4“, рече Филипче.






