Прилепскиот аналитичар Даме Чкатроски кој соработува со меѓународни тинк-тенк организации смета дека македонската влада направила грешка кога влегла во преговори со Бугарија преку историска комисија.
Комисијата не може да решава за работи за кои надлежност имаат и Србија и Турција смета Чкатроски кој е разочаран од екс шефот на дипломатијата и премиерот.
Целата порака на Чкатроски до Заев и Димитров:
“Е мој Никола Димитров, е мој Друже Зоран Заев
Кога со стројници се зема невеста на невидено, има само две можности:
1. Да ви се згрози и после свадба да пошашавите и да ви текни дека тоа ама баш не е тоа
2.Да ви се бендиса невестата и од поштена работа да биде скоро олкава во меот
И така влеговте онака оптимистички аматерски во спорот со Бугарија,да скоро и после малку време увидовте дека невестава …и тоа е.
Но јас би сакал да ви поставам вака другарски неколку за мене непознати прашања и се надевам дека нити сега ,а нити после, а ниту еден ден на нив ќе одговорите.
Ма било кога да се видиме, последното што сакам да го знам или разговараме ќе е ова:
Ја лебави да ми објасните како вие (НИЕ и Софија) би ја толкувале со комисии историски, историјата на Отоманската Империја.
Не ви се чини ли дека е тоа еден невиден, непријатен, несоодветен ликсуз на Скопје и Софија да толкуваат историја на Отоманската Империја каде наследник се смета на таа историја, денес Турција.
Кој ги има архивите на Отоманската Империја и кој е наследник на Отоманската Империја има право да зборува за сопствената историја.
Не. Грешно сте разбрале дека оваа Република Турција откажа од наследството на Отоманската Империја. Тоа Младотурците и Ататурк ги ставија неважечки само законите донесени од Султанот.
Значи тие што се наследници имаа право да истите ги прогласат за неважечки и при тоа индиректно да го признаат наследството на Историјата и Културата на Отоманската Империја.
Точка.
Ја лебави да ми објасните како вие (НИЕ и Софија) би ја толкувале со комисии историски, историјата на СХС.
Да ние сме и дел наследници на таа историја но тогаш во тоа време не сме биле ни федерална единица така да можеме да толкуваме,еден шипак.
И сега убаво стамено си формиравте комисија која ќе ја толкува историјата на Кралствот на Србија Хрватска и Словенија ,а подоцна Кралство Југославија чии наследници НИ ВИЕ НИ СОФИЈА Сте.
Значи наследниците на Кралството Југославија и СХС се тие во Белград или денес, Република Србија.
Ова тие законски ,меѓународно и уставно го опишале кај нив.
Значи Историска Комисија може да анализира и заклучи само одреден период каде сопствениците, државите кои ги создале комисиите можат да разговараат и донесат конкретни заклучоци САМО ЗА И ОД ТЕРИТОРИИ И ВО ПЕРИОДИ КОИ ТИЕ ТЕРИТОРИИ ГИ АДМИНИСТРИРАЛЕ.
Секаков состанок на Комисии од овој тип, составени од експерти од Софија и Скопје можат само да разговараат НО И НЕ ДА ДОНЕСАТ ,ОДЛУКИ,РЕШЕНИЈА И СЛИЧНО.
Ова што се случува со овие комисии е тотално беспредметно, националистички на двете страни и оптовареноста со поразите во историјата.
Односно да појаснам.
Република Бугарија може да направи комисија за периодот кога администрирале дел од територијата на Република Северна Македонија.
Тоа се случило во Првата Светска Војна и во Втората..И ТОЛКУ.
Совет: Да тргнете од позициите (временските) кои сте ги имале во одредениот временски период при разговорите со Софија и при тоа постојано да ги предупредувате дека го надминуваат контекстот на сериозна историска комисија. ТОЧКА.
Доколку излези работата вон тој контекст ..Од одма да се обратите до Анкара и Белград за присуство и асистенција. Впрочем ние контрола врз оваа територија имаме од 1991 ,а Бугарија само 6 години ,СМЕТАНО ОД 14 ВЕК ПА НАВАМУ…Значи во 600 изминати години ,Бугарија овде била присутна 6 години.
Постојат теми за комисиите НО ТИЕ НЕ СЕ ОВИЕ ШТО ГИ РАЗГОВАРАТЕ.
Поздрав





