Според анализите на Светската здравствена организација, земјава е на врвот во регионот по бројот на смртни случаи од Ковид 19, односно има 354 смртни случаи на 1 милион жители. Зад нас се Косово (помалку од 300 случаи), Албанија 133, Србија 86, БиХ 257, Хрватска 67, Словенија 72, Бугарија 116, Грција 37 смртни случаи на 1 милион жители, покажува статистиката на Ворлдметар – коронавирус, пренесува фактор.
На 2 јули, беше регистриран највисокиот број на починати, односно имавме 15 смртни случаи од Ковид-19.
До вчера, вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 18.602, на починати е 753, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.585.





