Баба Ванѓа, позната и како „Нострадамус од Балканот“, предвидела дека американскиот претседател ќе страда од „мистериозно заболување“ во 2020 година, пишува британски Мирор.



Според наводното предвидувањ, американски претседател ќе страда од „мистериозно заболување“ во 2020 година, што ќе го остави глув и со тумор на мозокот.

На 2 октомври, беше потврдено дека Доналд Трамп има Ковид-19 со неговата сопруга Меланија.

Според Мирор, нБаба Ванѓа иксто така ги предвидела и Брегзит, нападите на Кулите близначки на 11 септември 2001, цунамито во Тајланд, а се тврди дека предвидувала сè до нејзината смрт во 1996 година.

Британскиот дневен весник ги запознава своите читатели со познатата баба Ванѓа.,

Мирор пишува дека била родена во денешна Македонија, дека за време на една бура од прашина ослепела. Ова, тврдат следбениците, и дало можност да предвиди идни настани – од кои некои се неверојатно точни.

Во прогнозата од 1989 г. таа вели: „Ужас, ужас! Американските браќа ќе паднат откако ќе бидат нападнати од челични птици. Волците ќе завиваат зад грмушката, и ќе пукне невина крв “.

Ова беше протолкувано како ужасен терористички напад врз кулите близначки на Светскиот трговски центар, кои беа погодени од два авиона на 11 септември 2001 година.