Извори запознаени со здравствената состојба на претседателот Доналд Трамп, вели дека состојбата на „Претседателот во последните 24 часа бее многу загрижувачка и дека следните 48 часа ќе бидат критични…
Лекарот на Трамп, д-р Шон Конли, на прес-конференција рече дека „утрово на претседателот му оди многу добро“, пренесе Си-ен-ен.
Си-Ен-Ен бара подополнително појаснување од Белата куќа во врска со коментарот.
Началникот на Генералштабот Марк Медоус беше единствениот присутен претставник на Белата куќа кога лекарите излегоа од зградата во воено-медицинскиот центар Валтер Рид каде е хоспитализиран американскиот претседател.
„Следните 48 часа се критични за претседателот Трамп“, јави Си-Ен-Ен.
Со оглед на годините и тоа што има проблем со притисокот, Трамп спаѓа во групата на критични. Вчера му бил даден и експериментален коктел на антитела.





