Синоќа не е затворено скопското кафуле „Мош“ каде на концерот на српскиот пејач Владо Георгиев не се почитувале протоколите за дистанца, ниту некој носел маска, а имало голем број гости.



Јавноста прашува, зошто воопшто се инсистира на онлајн настава во училиштата, кога дел од тие тинејџери одат токму на такви коцерти.

„Нека размисат во Владата како понатаму, оти ние џабе контролираме и пишуваме записници кога локалите не можеме да ги затвориме. Газдите поминуваат само со парична казна од 4.000 евра, а за гостите кои не почитуваат протоколи нема никаква казна.

Кафулето ‘Мош‘ има кривична пријава од минатата недела за непочитување протоколи. И вчера од концерот на Владо Георгиев е направен записник за повторно непочитување протоколи. Мора да се донесе итно законска измена за да можеме да постапуваме со затворање на локалите. Сега тоа може да го направиме само ако работат повеќе од дозволеното работно време“ вели Стојко Пауновски директор на Државниот пазарен инспекторат.