Комисијата за заразни болести, најверојатно во понеделник, ќе излезе со неколку препораки за мерки против ширење на коронавирусот, дознава Фактор.



„Прво, дефинитивно ќе предложиме да се намали работното време на локалите, ноќните клубови, кафулињата и така натаму…нашата препорака ќе биде работно време за угостителските објекти и ноќни локали да биде ограничено до 22 часот. Сметаме дека рестриктивните мерки навистина имаа добри резултати“, вели извор на Фактор.

На состанокот в понеделник ќе биде предложено и тоа, в недела да не работи ништо, ниту маркети, ниту молови, ниту угостителски објекти, како што е праксата секаде во светот.

„…На тој начин, освен што сега практично ќе се заштитиме ширење на корона вирусот, ќе може да здивнат и вработените во моловите чие работно време е до 22.00“, вели изворот на Фактор.

Вчера беше забебележана втора рекордна бројка од 225 новозаразени од почетокот на епидемијата на коронавирусот во Македонија.