Фејсбук страницата Медицински сестри – Медицински сестри техничари од Хрватска објави фотографија што и колку гледа медицинска сестра која е под целосна заштитна опрема во уаслови на пандемија со коронавируси.
Фотографијата е објавена по трагичниот инцидент во кој на пациент кој бил на хемодијализа во Чаковец, по грешка, наместо инфузија, му било дадено средство за дезинфекција.
Заедно со фотографијата, споделен е и статус кој гласи:



„Со оглед на тоа што пациентот кој за жал почина (наводно поради грешка на медицинска сестра, при хемодијализа во Чаковец) бил во самоизолација, медицинската сестра мораше да биде облечена од глава до пети во “вселенски врел скафандер’ и со заштитни очила. Подолу на фотографијата погледнете ја ситуацијата од нејзина перспектива…
Системот брзо го идентификуваше виновникот, така што нацијата не се прашуваше какви беа условите за работа пред трагедијата “.
Неодамнешната смрт во болница во Чаковец се должи на ретка грешка направена од медицинскиот персонал. Пациентот починал, бидејќи според неофицијални информации, наместо инфузија, во вена му бил вбризган медицински бензин. Индекс.хр

https://www.facebook.com/medicinske.sestre/posts/3911313015563338