Црна Гора со најголем процент заразени од ковид-19 на 100.000 жители во Европа

Податоците на европските статистички центри од крајот на септември покажуваат дека Црна Гора, со стапка од 1.699 заразени на 100.000 жители, има најголема стапка на заболување во Европа, пишува подгорички „Вијести“.



Следува Ерменија, додека Шпанија е на трето место од 45 европски земји.

Пензионираниот епидемиолог, професор Новица Вујошевиќ, оцени дека Црна Гора поминала полошо од другите земји и дека нема големо оправдување за тоа.

Во Црна Гора, во периодот од март до август, 15.097 вработени од вкупно 187.251 го изгубиле работното место, покажуваат најновите податоци на Заводот за статистика (Монстат).