Бугарија има многу поголем проблем со Македонија од Гоце Делчев (ИСТРАЖУВАЊЕ)

Истражување на македонски тинк-тенк покажува дека расположение на Македонците кон Бугарија е многу пострашно од тоа што може да се види во врска со Гоце Делчев и други теми во јавниот дискурс.



Долгогодишниот агресивен однос на Бугарија кон Македонија придонело огромен број од Македонците да имаат негативен однос кон Бугарија а само околу дваесетина илјади да ја доживуваат како искрен пријател.

Директорот на Институтот „Преспа“, Андреа Стојковски, во дебата на „360 Степени“ објави дека само 1% од граѓаните на Македонија ја гледаат Бугарија како пријател на државава.

Овие бројки се од истражување направено за потребите на институтот.

„Ако го погледнеме односот на македонските граѓани кон државите кои воопшто ги следевме во целото истражување, на прашањето која држава или унија е најголем пријател на Македонија, и таму Бугарија многу ниско котира. Дури и општо гледано, многу ниско котира. Само 1% од нашите граѓани ја гледаат Бугарија како пријател на државава“, вели Стојковски и оценува дека и договорот е причина за ова.

За 3% од граѓаните први асоцијации за Бугарите им се „непријатели, фашисти, окупатори“. Само 23% од граѓаните имаат позитивно мислење за договорот со Бугарија, а високи 42% имаат негативно мислење.