Твитер брише твитови со желба за смрт на Трамп, не ги блокира автоматски пишувачите

Социјалната мрежа Твитер објави дека ќе ги брише твитовите во кои се посакува смрт на американскиот претседател Доналд Трамп кој вечерва е пренесен во воената болница Валтер Рид во Мериленд.



“Твитовите кои посакуваат желба или надеж за смрт, сериозни последици или фатална болест против било кого не се дозволени и ќе треба да бидат одстранети. Тоа не значи автоматска суспензија”, пишува во твитот на социјалната мрежа која доминантно ја користи и претседателот Трамп кој вечерва добива огромен број на желби за опоравување но и пораки во кои не се посакува негово оздравување туку смрт од Коронавирусот.