Со новиот Закон за јавно обвинителство, кој стапи на сила на 1 јули годинава, бомбите веќе не важат како доказ. Со тоа, нема да важи како доказ во случајот „Попис“ ни телефонскиот разговор, во кој Груевски и Ахмети се договараат да го прекинат пописот.
Тие се договараат да излажат дека пописот се прекинува поради некадарноста на Државната пописна комисија и на Државниот завод за статистика, пишува порталот СакамДаКажам.
Двајцата се осомничени дека го пропаднале пописот, со што, според истрагата, на буџетот му нанеле штета од над 175 милиони денари. Бидејќи според нашите сознанија ќе нема постапка, штетата на буџетот ќе нема и кој да ја плати.




