Пациент (62) во Чаковец во Хрватска почина за време на хемодијализа, бидејќи за време на постапката по грешка му бил вбризган дезинфициенс , соопшти болницата во градот.



„ За време на постапката интравенски е применето недозволливо средство кое инаку рутински се применува локално кај такви и слични постапки. И покрај моментно преземените мерки за максимално интензивно и реанимациско лекување, настапи мултиорганско затајување на органите и смрт на пациентот, па е индицирана обдукција, се наведува во соопштението од болницата што го ренесуваат хрватски медиуми.

Министерот за здравство, Вили Берош, во Загреб изјави дека во болницата е испратена здравствена инспекција и потврди оти постои сомнеж за стручна грешка.

„Ова е првпат во мојата тридецениска лекарска кариера да видам ваков случај“, изјави директорот на болницата Томислав Новишчак.