Костовски бара парламентарна расправа за „Еуростандард банка“


„Деновиве доставив официјален допис до Собранието на Република Македонија, со кое што барам од Собранието како највисок законодавен орган и единствен надлежен орган за контрола на работењето на Народна банка, на дневен ред на своите седници да го постави прашањето за стечај на Еуростандард банка, пишува бизнисменот Трифун Костовски во денешната колумна.



Костовски вели дека дописот е доставен до сите пратеници преку нивните координатори на пратенички групи и посебно до пратениците кои не се дел од пратеничките групи.

„Инсистирав да се направи длабока експертска анализа за процедурите кои не беа употребени од страна на Народната банка и по утврдувањето на тие пропусти да даде налог до Владата на РМ да се вклучат сите институции во борбата против криминалот и корупцијата. Најискрено народните избраници треба да преминат од зборови на дела. Криминалот и корупцијата ни се пред нос“, пишува Костовски.