„Државата нуди една универзална национална платформа за сите ученици, иако се знае дека таа алатка не е подеднакво восприемлива за дете на 9 години и дете на 18 години. Психолошката зрелост кај деца на различна возраст, е различна. Затоа мало дете прво учи да вози трицикл, па подоцна точак со помошни тркалца кои служат за адаптација, па продолжува на поголем велосипед и така постепено учи да вози самостојно, сè додека не стаса до голем велосипед.



Од утре, 200.000 ученици, мораат да го возат големиот точак, без оглед дали имаат 9 или 18 години, а системот ќе очекува сите да знаат да возат самостојно и солидно. Во такви услови, колку и да се внимава на возењето, ќе има превртувања и паѓања…“

ФБ статус на новинарката Антонија Поповска