Пратеникот Антонио Милошоски на социјалната мрежа Фејсбук ги објави имињата на новите членови на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Меѓу нив нема некои моќни партиски членови како Сашо Мијалков, Мартин Протоѓер и Владимир Пешевски.
Тој објави дека нови членови на ИК се:
Проф. Драги Димитровски, Земјоделски факултет, д-р Игор Николов, нефрологија, проф. Христијан Мицкоски, ген. секретар, Зеќир Рамчиловиќ, пратеник, Александар Николоски, меѓ.соработка, Џери Наумов, странски инвестиции, Златко Перински, м-р човечки ресурси, Никола Србов, м-р историчар, Славе Трпески, катастар, Ане Лашкоска, пратеник, Сеад Солаковски, лекар од Лабуништа, Марио Цветковски, Куманово, Дијана Транталовска, ветеран, Богдан Илиевски Бетмен, граѓански активист, Светлана Колариќ, К. Вода, Александар Георгиев, портпарол, Дејан Јовановски, спортист/ кошаркар, Анета Стојановска Стефанова, Армен Незири, Дебар.
„Пожелувам на сите да работат со чест кон ВМРО, и со достоинство за Македонија!“, напиша Милошоски на Фејсбук





