Македонскиот парламент денеска најверојатно нема да гласа за петте одлуки на претседателот Пендаровски за прогласување вонредна состојба поради ковид-кризата.
Указите за вонредна состојба ги донесе претседателот Стево Пендаровски, на предлог на техничката влада.
Спикерот на парламентот, Талат Џафери, на денешниот брифинг со новинари потврди дека одлуките за вонредната состојба треба да се донесат со двотретинско мнозинство, но тој не е сигурен дека уставноста на овие идлуку ќе биде потврдена од ВМРО-ДПМНЕ.
Од опозицијата на вчерашната координација најавиле дека овие денови ќе заседава Извршниот комитет за да изгради став како ќе се произнесе за одлуките за вонредната состојба.
Џафери преку медиумите слушнал дека тие како опозиција нема да дадат поддршка за потврдување на одлуките.
Во таков случај, не би можеле да се обезбедат потребните 2/3 од гласовите со што се отвара дилема дали одлуките на Пендаровски се противуставни.
Претседателот Пендаровски ги донесе петте одлуки за вонредната состојба, по претходно консултации со Советот за безбедност, затоа што во тој период парламентот беше распуштен, а Џафери, кој беше и на чело на претходниот собраниски состав, тврдеше дека пратениците не можат да се состанат повторно.




