Македонија убедливо прва во регионот според смртноста од Ковид-19

Со просек од 34,6 починати на 100.000 жители, Македонија е убедливо прва на неславната листа од 11 земји во регионот според стапката на смртност од Ковид-19.



Далеку зад Македонија е Косово со 26,4, а трета е Црна Гора со 24,7. Следуваат Босна и Херцеговина со 24,3, Романија со 24,2, Албанија со 12,9, Бугарија со 11,2, Србија со 10,7, Словенија со 7, Хрватска со 6,4 и Грција со 3,5.

Заедно со денешните осум жртви, во Македонија досега се регистрирани 737 смртни случаи по првиот забележан на 22 март.