Албанскиот премиер Еди Рама ја отстрани фотографијата од водопадите на реката Лешница со која албанскиот премиер Еди Рама ги пофали природните убавини на неговата земја.



Од кабинетот на Рама за МИА изјавиле дека во јужниот дел на Албанија исто така постои село со истото име и оти фотографијата по грешка била објавена дека е од Албанија.

„Исто така постои село во јужна Албанија со истото име и сликата по грешка беше означена дека е од Албанија. Им се заблагодаруваме на сите следбеници коишто ни посочија дека ова прекрасно место е во Северна Македонија“, рекле од Кабинетот на Рама.

Објавувањето на фотографијата предизвика бурни реакции на социјалните мрежи, но и прашања дали тоа е направено од незнаење или поради некоја друга причина.

Македонаската влада околу ова го контактирала кабинетот на Рама и побарала да биде објавено објаснување и корекција на фотографијата.

„Од страна на Кабинетот на премиерот Заев е остварена комуникација со Кабинетот на премиерот Рама, при што од наша страна е посочено дека објавената фотографија е од Лешница, С. Македонија. Веруваме дека станува збор за ненамерна грешка и затоа беше побарано од страна на Кабинетот на Рама да биде објавено објаснување и корекција“, велат од владата.