Осум починати, 112 нови случаи на корона за 24 часа

Во последните 24 часа во болнички услови починале 8 пациенти од Teтово (73г), Струмица (58г), Делчево (55г), двајца од Струга (80 и 74г) и тројца пациенти од Скопје (53,76 и 82г), соопшти Министерството за здравство.



.Од направените 1.372 тестирања, регистрирани се 112 нови случаи на Ковид-19.

Институтот за јавно здравје регистрираше 159 оздравени.