Обвинителката во предметот „Насилство во Центар“ , Фатиме Фетаи изјави дека не е задоволна од денеска изречените казни за обвинетите и најави дека Обвинителството ќе подне жалба на пресудите
„Не сум задоволна од изречените казни, особено од условните казни на обвинетите. Јас во завршните зборови кажав дека алтернативна мерка, условна казна доаѓа во предвид само за Игор Бошковски.
За другите сметав дека мораше да има казна затвор.
И затоа ќе поднесеме жалба на овие пресуди“, изјави обвинителката Фатиме Фетаи по денешното соопштување на пресудите .
Според неа за целото обвинение постојат докази кои биле изведени, а судот ги преценил олеснителните околности и затоа досудил, според неа, малите казни.





