Министерот за здравство односно двајцата први луѓе таму со дијаметрално спротивни пристапи кон коронакризата во период кога бројот на починати е 8 луѓе дневно.
Додека министерот Венко Филипче од СДСМ најавува воведување на нови, ако треба и радикални мерки со кои ќе се спречи ширење на Ковид-19 неговиот заменик Илир Хасани од ДУИ најавува дека ќе се укине задолжителниот ПЦР тест за граѓаните кои патуваат меѓу Косово и Македонија.
Филипче пред неколку дена најави дека доколку е тоа неопходно ќе се оди и на ригорозни мерки со кои ќе се ограничи движењето на македонските граѓани а Хасани ветува пиење кафе во Приштина без задолжителен тест.
Доколку Филипче и Комисијата за заразни болести со оглед на сериозноста на ситуацијата се одлучат на ригорозни мерки тогаш неверојатно е да се очекува дека во Приштина ќе се оди и ќе се враќа без соодветни тестови затоа што тогаш сите други мерки за битка со короната внатре во Македонија ќе бидат неефикасни.
Кој ќе ги проверува луѓето кои според Хасани ќе одат во Приштина на кафе откако ќе се вратат во земјава и кој ќе ги проверува Косоварите кои ќе доаѓаат во Македонија без тестови, засега не откриваат ни Филипче ни Хасани.
Можните мерки што ги најави Филипче
Во тек се анализи за евентуално воведување на нови мерки. Дел од мерките кои ги разгледуваме се задолжително носење на маска и на отворено, ограничување на бројот на лица по маси во угостителските објекти, ограничување на бројот на лица за групирање воопшто. pic.twitter.com/ytCqeuWu3a
— Венко Филипче (@VFilipche) September 22, 2020
“Накоро, кафе во Приштина без ПЦР-тест”, најави преку „Фејсбук“ новиот заменик министер за здравство Илир Хасани.
https://www.facebook.com/1260327574044266/posts/3352279491515720/




