Новиот стар агент 007, Даниел Крег (49) не признава дека пред извесно време, а тоа беше брзо по последното продолжение на најпознатата филмска сага за Џејмс Бонд говореше “дека повеќе не ја сака таа улога и дека побрзо ќе си ги пресече вените отколку да се врати и да снима нова епизода на мега популарниот циклус”.



А тој потоа, сепак, потпиша нов договор за игра во 25. филм за Бонд, иако претходно зборуваше дека би ја прифатил улогата само за пари. Сега тој се обидува да се дистанцира од изјавите.

Покрај Даниел Крег, наводно, се враќа и Адел (29), која учествуваше со песна во “Skyfall” кога франшизата за тајниот агент за прв пат во историјата обезбеди статуетка на доделувањето на Оскарот.

Што се однесува до Крег, неговата сопруга Рејчел Вајс рече дека не и пречи што актерот повторно ќе се појави во улогата на 007.