Судот дозволи увид во доверливи материјали од судење на новинар за оддавање државна тајна (ВИДЕО)

На денешното судење скопскиот кривичен суд дозволи адвокатот на обвинетиот новинар Љупчо Златев да изврши увид во тајните документи за кои му се суди на новинарот.



Поради тоа адвокатот Драган Пешевски треба детално да се запознае со документите кои имаат назнака државна тајна за да може да го брани новинарот судењето е одложено за крајот на ноември.

На Златев му се суди за оддавање државна тајна откако објави документ од кој се гледаат аномалии при избор на вработени во Управата за безбедност и контраразузнавање.

Случајот за кој се суди Златев е од највисок јавен интерес и дури и обвинителството да не се откаже од него и тој да биде осуден, согласно европските правила за јавниот интерес како најважен критериум при објава на сензитивни информации ќе биде поништен во Судот за човекови права во Стразбур.

https://www.facebook.com/100000704185638/posts/3709621525737950/