На локалните избори во селото Девеселу во Романија по третг пат победи истиот градоначалник, иако тој почина пред две недели од коронавирус, пренесе „Ројтерс“.
Граѓаните веруваат дека тој добро се снашол и дека заслужил постхумна победа.

Десетици граѓани запалија свеќи на гробот на социјалдемократот Јон Алиман по завршувањето на локалните избори во Романија. Алиман победи со 64% од гласовите во селото Девеселу во јужна Романија, кое има околу 3.000 жители, и тоа би бил негов трет мандат.
Алиман почина на 17 септември во болница во Букурешт, но неговото име веќе беше испечатено на гласачките ливчиња и не можеше да се отстрани, соопштија официјалните лица.
Тие изјавија дека сега ќе се одржат нови избори.





