Денеска напладне во Kривичниот суд во Скопје ќе биде изречена пресудата во случајот „Насилство во Центар“ каде е обвинет поранешениот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески.
Тој на вчерашното рочиште каде се даваа завршни зборови ги отфрли обвинувањата против него и побара ослободителна пресудата, бидејќи според него Обвинителството не докажало дека ги извршил кривичните дела за кои се товари.
„Ниту сум прифатил, ниту сум дал насоки, ниту сум поттикнувал“, рече Јанакиески во судот.
Адвокатите на Јанакиески побараа да се повлече обвинието против него.
На минатото рочиште обвинителката Фатиме Фетаи го повлече обвинението за тројца обвинети. Меѓу нив, поранешната пратеничка Даниела Рангелова, која во периодот на протестите беше советничка во општинскиот Совет од ВМРО-ДПМНЕ во Центар, и двајца учесници на протестите.






