Новиот заменик-министер за здравство Илир Хасани денеска на Фејсбук се пофали дека наскоро ќе може да се оди на кафе во Приштина без ПЦР тест за коронавирус.
„Наскоро, кафе во Приштина без ПЦР-тест“, напиша Хасани на Фејсбук.
Хасани официјално стапи на функцијата пред четири дена, кога ја презеде функцијата од досегашниот заменик-министер Арменд Арслани. Тој досега беше директор на Клиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и ургентен центар. СДК






