Коѕиас и Нимиц се договориле за преговорите, официјално Скопје молчи

На нивниот последен состанок во Брисел грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас и медијаторот во грчко – македонскиот спор за името најверојатно постигнале договор за интензитетот на преговорите за името во текот на наредниот период.



Според весникот Катимерини кој е најинформиран грчки медиум во врска со спорот, Коѕиас и Нимиц се чини дека се договориле дека „не е очекувано да се обноват преговорите веднаш“.

Македонските власти досега не информираа за одложување на преговорите или за било каков договор постигнат меѓу грчката страна и медијаторото Нимиц.

Според весникот сите страни, вклучително и Македонија сметаат дека „2018 година ќе биде екстремно критична за прашањето на номенклатурата“ на процесот на преговори.

Катимерини пишува и за дипломатската нота што грчкото МНР ја упатило до весникот „Торонто стар“ кој пред два дена објави оглас за прославата на Илинден во кој имаше и мапа на етничка Македонија со делови од Грција и Бугарија.