„Лајм“: Возила на Еулекс влегле во Македонија!?

Четири возила на меѓународната мисија на Косово, Еулекс, туку што влегле во Македонија, а според гранични извори, по преминувањето на границата, возилата не запреле во Скопје, туку тргнале во правец кон Тетово, пренесува Газета Лајм.
Македонските власти не даваат детали во врска со овие информации и сè уште нема официјално соопштение од канцеларијата на Еулекс во Приштина.
Во последните денови Еулекс апсеше на Косово. Сè уште не е познато дали оваа мисија има налог за апсења и во Македонија.