Десет лица кои кои беа идентификувани дека во четвртокот вечерта учествувале во нападот на петмината полициски службеници, од кои еден беше потешко повреден, добија по 30 дена притвор.
Јавното обвинителство денеска соопшти дека по поднесената кривична пријава од Министерството за внатрешни работи, издадена е наредба за спроведување на истражна постапка за овие десет лица, поради основано сомнение дека се соизвршители и сториле кривично дело „напад врз службено лице“.






