Меркел тајно го посетила Навални во болница, објави Шпигл

Германската канцеларка тајно го посетила рускиот опозиционер  Алексеј Навални додека тој беше на лекување во болницата „Шарите“ во Берлин, објави неделникот Шпигел.



„Канцеларката го посети рускиот опозициски политичар во целосна тајност додека лежеше во болницата ‘Шарите’ во Берлин“, соопштил извор за Шпигел.

На овој начин, според ‘Шпигл“ , Ангела Меркел ја домонстрирала солидарноста на германската влада со Навални, како и дека нема да се откажува од намерата да го испита овој случај до крај.