Атина задоволна од „вордингот“ во пактот Скопје – Софија, очекува силен притисок

Грката влада е задоволна од содржината на договорот меѓу Македонија и Бугарија или како што во Атина се нарекува „Пактот Скопје – Софија“.



За Атина е позитивно што Бугарија во договорот го вметнала делот за поддршка на Република Македонија кој што е поврзан со покана од НАТО во согласност со релевантните одлуки на НАТО самитот во Букурешт.

Ова како што јауваат дел од грчките медиуми е добро за Грција затоа што Софија јасно водела сметка за грчките позиции од Букурешт според кои без решено име нема влез за Македонија во НАТО.

Грчките политички аналитичари очекуваат договорот меѓу Скопје и Софија да го зголеми притисокот врз Атина затоа што Грција ќе остане единствената земја во регионот која што ја блокира Македонија при влезот во ЕУ и особено во НАТО.